Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за „360 Степени“ коментирајќи ги односите меѓу Македонија и Бугарија одговараше на прашање за актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, Германија и дали е можно вмешување на канцеларката Меркел, која добро стои и со Борисов и со Заев.
„Да. Имаме тука една таква ситуација и факт е дека канцеларката Меркел во Европскиот парламент спомена, еден од највисоките приоритети на германското претседателство во делот на надворешната политика ќе биде почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, и додаде, по можност со Албанија. И факт е дека влогот меѓу другото ни е заеднички и со Берлин и не исклчувам дека ќе има еден таков интерес. Ние мора да си го направиме нашето, да вложиме во овој однос со Софија и апсолутно да бидеме искрени, да бараме и да очекуваме еден пристоен однос и почит кон нас, што недостасува во овие хартии кои овие деновиве се промовираат и се јавуваат“,
вели Димитров.