Секоја година ова време Њујорк ги собира лидерите од светот на Генералното собрание на Обединетите нации, но и на низа паралелни собири и случувања. Таму е и премиерот Зоран Заев, придружуван од министрите за надворешни работи и за дијаспора, Димитров и Адеми.
Настаните ги следи и екипа на „360 Степени“. Владимир Мирчески во своето прво јавување од Њујорк за соговорник го има шефот на македонската дипломатија, кого покрај за активностите таму, го прашува и за неколку други актуелни теми, како на пример – зошто Рајнхард Прибе и порачува на новата Влада да не го повторува грешките од минатото и една заробена држава да замени со друга?
Напишете коментар