„Продолжуваме интензивно со санација на депонијата ‘Краста’ и надминување на проблемот. Во мое лично име, и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“, вели Димитриевски во објавата на Фејсбук
Димитриевски вчера се сретна со жителите селото Пчиња и неколку околни места кои деновите поставија блокада на влезот на депонијата „Краста“ и не дозволуваат влез на камионите и депонирање на комуналниот отпад од Куманово. Причина за блокадата на депонијата се, како што велат, пожарите и постојаното чадење, кои претставуваат опасност по нивното здравје
Комуналниот отпад од Куманово времено ќе се транспортира во скопската депонија „Дрисла“, додека да се надмине проблемот со локалната депонија „Краста“, која изминатите денови се најде под блокада од жителите на селото Пчиња и околностите места, кои реагираат на постојаните пожари и чадење од кумановското одлагалиште за смет.

Ова синоќа, преку објава на социјалните мрежи, го соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој им се извини на своите сограѓани за насобраниот смет во градот, кој екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ не можеле да го одложат поради блокадата на депонијата „Краста“.
Истовремено, тој упати благодарност до скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, премиерот Христијан Мицкоски и до менаџерскиот тим на „Дрисла“, за како, што вели, нивната помош во справувањето со проблемот и овозможувањето сметот од Куманово да биде транспортиран и депониран во скопската депонија.
„Продолжуваме интензивно со санација на депонијата ‘Краста’ и надминување на проблемот. Во мое лично име, и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем кој ќе биде надминат во најбрз можен рок“,
вели Димитриевски во објавата на Фејсбук.
Градоначалникот на Куманово, вчера се сретна со жителите селото Пчиња и неколку околни места кои деновите поставија блокада на влезот на депонијата „Краста“ и не дозволуваат влез на камионите и депонирање на комуналниот отпад. Причина за блокадата на депонијата се пожарите и постојаното чадење, кои, како што велат, претставуваат опасност по нивното здравје.
Тој на средбата пред депонијата ги повика жителите да овозможат влез на возилата на ЈП „Чистота и зеленило“ во деловите од депонијата каде што нема опожарување, додека продолжуваат активностите за гаснење и санација.
Димитриевски во изјава за медиумите, меѓу другото, рече дека нема друга локација на територија на општината на која може законски да се одлага комуналниот отпад, поради што Општинскиот штаб го поддржал барањето на ЈП „Чистота и зеленило“, која стопанисува со депонијата, упатено до СВР Куманово, за обезбедување непречен проток на камионите што го транспортираат отпадот од градот до депонијата. Тој кажа дека нередовното собирање на сметот може да предизвика дополнителни проблеми за градот и ризици за јавното здравје на жителите на градот.
Од друга страна, жителите на Пчиња и околните места рекоа дека остануваат на своите барања и дека ќе продолжат со блокдата и во вторник, наведувајќи дека локалната и централната власт треба да најдат начин за одлагање на отпадот на друга локација додека не се реши проблемот на „Краста“. Како една од можностите тие ја посочија скопската депонија „Дрисла“.
Вчера беше одржан и состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на кој беа донесени заклучоци за постапувањето на надлежните за деблокада на депонијата. Од СВР Куманово беше побарано да постапи по барањето на ЈП „Чистота и зеленило“ и да овозможи коридор за непречено движење на камионите што го носат отпадот, а од Јавното претпријатие веднаш да обезбеди континуирано присуство на градежна механизација за третирање на депонираниот отпад со земја. Штабот препорача и поставување дополнителни камери за видеонадзор на влезот, излезот и пристапните делови на „Краста“, бидејќи постојните не се доволни, како и засилување на стражарските служби и физичкото обезбедување за да се спречи влез на неовластени лица.
Според градоначалникот Димитриевски, трајното решение на проблемот со депонијата „Краста“ треба да се обезбеди преку изградба на претоварна станица и воспоставување регионален систем за преработка и управување со отпадот.
„Единствено трајно решение за оваа депонија е нејзино санирање и затворање, изградба на претоварен центар за отпад на овој простор и изградба на фабрика за преработка на отпад за двата региона, во кои се вклучени 15 општини. Целата постапка ја менаџир Министерството за животна средина и просторно планирање и треба да се провери до каде е“,
изјави кумановскиот градоначалник вчера.
