„Веднаш штом ќе го добиеме одговорот од јавниот обвинител, неговото произнесување, ќе постапиме кон одлучување“, вели Димитриеска

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска вели дека до нив сè уште не е пристигнато произнесувањето на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во однос на предлогот на Владата за негово разрешување што е препратен до него.
Димитриеска, денеска во изјава за медиумите, посочи дека Советот има рок од 15 дена да се произнесе по предлогот на Владата за разрешување на Републичкиот јавен обвинител.
„Веднаш штом ќе го добиеме одговорот од јавниот обвинител, неговото произнесување, ќе постапиме кон одлучување“,
изјави Димитриеска.
Таа рече дека Советот мислењето потоа го доставува до Владата.
Советот на јавни обвинители на 6 март му го достави на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски предлогот за негово разрешување што го иницираше Владата.
Според Законот за јавно обвинителство, Коцевски има право писмено да се произнесе по предлогот за негово разрешување, како и да присуствува на собраниската седница на која треба да се расправа и одлучува по предлогот.
Инаку, Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена да даде свое мислење по однос на предлогот за разрешување на Коцевски, а согласно Законот за јавно обвинителство, овој рок може да биде продолжен за уште 15 дена ако има оправдани причини за тоа.
За разрешувањето на државниот јавен обвинител последниот збор ќе го имаат пратениците, од каде за негова смена е потребен 61 глас во Собранието. На оваа седница, според законот, државниот јавен обвинител може да присуствува и на неа да се произнесе по предлог на Владата за негово разрешување.
Поврзани вести:
- Предлогот за разрешување на Коцевски сè уште патува кон Советот на ЈО – Димитириеска вели првин да го видат, па ќе се произнесат
- Разрешувањето на Коцевски помина на владина седница, предлогот ќе оди до Советот на јавни обвинители
- Коцевски: Ако се утврди основа самиот ќе се повлечам, ако не тогаш јавноста нека цени дали сум разрешен законски или не
- Министерството за правда доби задолжение да достави предлог за разрешување на Коцевски
- Владата ќе го разрешува Коцевски, смее ли без согласност од Советот на јавни обвинители
- Мицкоски: Коцевски имаше можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата
