Британскиот премиер синоќа за тоа разговарал со претседателката на Европската комисија
Британскиот премиер Борис Џонсон изрази сериозна загриженост поради обидот на Брисел да го ограничи извозот на вакцини за коронавирусот во Северна Ирска, соопшти неговиот кабинет.
Британскиот премиер синоќа за тоа разговарал со претседателката на Европската комисија.
„Тој изрази сериозна загриженост за потенцијалното влијание што може да го предизвикаат чекорите што ги презеде ЕУ за извоз на вакцини“,
наведе во соопштение портпаролот на Џонсон.
Европската Унија вчера го ограничи извозот на вакцини за коронавирусот во Северна Ирска, наспроти делови од протоколот на договорот за Брегзит.