Во пожарот што утринава на паркинг во Ново Лисиче зафати неколку автомобили, полицијата потврди дека се работи за целосно опожарено возило марка „сеат алтеа“. Другите две возила биле делумно зафатени од огнот, а повредени лица нема.
„Во 09,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. АСНОМ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје“,
велат од полицијата.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Се работи на расчистување на случајот.