Уапсени се четворица осомничени во една група на Телеграм со екстремистичка содржина кои се товарат за подготвување на тешко дело против државата и го прекршиле Законот за поседување оружје, како и Законот за контрола на оружје. Се наведува дека тие планирале напад и киднапирање на германскиот сојузен министер за здравство Карл Лаутербах
Откриена е десничарска група која имала намера да предизвика состојба слична на граѓанска војна во Германија и да го киднапира сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах.
Уапсени се четворица осомничени во една група на Телеграм со екстремистичка содржина. Обвинетите се товарат за подготвување на тешко дело против државата и го прекршиле Законот за поседување оружје, како и Законот за контрола на оружје. Се наведува дека тие планирале напад и киднапирање на германскиот сојузен министер за здравство Карл Лаутербах.
Четворицата се уапсени во средата за време на претресите спроведени низ Германија. Главните осомничени се 55-годишен маж од Нојштад ан дер Вајнштрасе во Рајнланд-Фалц и 54-годишен маж од Фалкензе во Бранденбург. Државното обвинителство во Кобленц соопшти дека тамошниот Окружен суд му одредил мерка притвор.
Според информациите на АРД вкупно дванаесет осомничени планирале да ги нападнат трафостаниците и далноводите предизвикувајќи прекин на електричната енергија низ целата земја како дел од акцијата „Блек-аут“ и со тоа да предизвикаат слична состојба на граѓанската војна. Канцеларијата за криминалистичка полиција на провинцијата Рајнланд-Фалц и Канцеларијата на главниот обвинител во Кобленц ја потврдија таа информација.
Според истражните органи, тие имале намера да го искористат хаосот за да го урнат демократскиот систем во Германија, а потоа да ја преземат власта. Групата планирала и киднапирање на министерот за здравство Карл Лаутербах и онеспособување или убиство на неговите телохранители.
Запленети оружје, злато и пари
Според АРД, осомничените последните денови ги конкретизирале своите планови. Групата очигледно имала намера да купи оружје, мини и заштитна опрема за десетици илјади евра. Првото предавање на два калашникови и пет пиштоли требало да се случи оваа недела во Нојштат ан дер Вајнштрасе.
Полицајците извршиле претреси во вкупно 21 куќа и стан во неколку сојузни провинции и заплениле компјутери и мобилни телефони. Според Обвинителството, при претресот се одземени 22 парчиња огнено оружје, муниција, готовина, златни прачки, сребрени монети и девизи. Меѓу оружјето што го поседувале осомничените имало и автоматска пушка.
Обвинетите се организирале во неколку телеграмски групи, вклучително и групи наречени „Обединети патриоти“ и „Активни патриоти“, каде што разменувале пораки поврзани со десничарскиот екстремизам и идеологијата на заговор.
Сојузниот министер за здравство Карл Лаутербах бил шокиран што постоел план за негово киднапирање. Политичарот од СПД им се заблагодари на истражните органи и на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција за нивната заштита.
Канцеларот Олаф Шолц коментираше на Твитер.
„Јас се солидаризирам со Карл Лаутербах: Секој во Германија има право да го изрази своето мислење. Но, нашите права на слобода имаат граници кои се надминуваат кога се загрозени со насилство. Ќе се бориме против непријателите на нашата демократија со сите средства права“,
се вели во објавата.
Meine Solidarität gilt @Karl_Lauterbach: Jeder in Deutschland darf seine Meinung sagen. Aber unsere Freiheitsrechte haben Grenzen. Und die sind überschritten, wenn mit Gewalt gedroht wird. Wir werden die Feinde unserer Demokratie mit allen Mitteln des Rechtsstaats bekämpfen. https://t.co/nJRWm3NLNH
— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) April 14, 2022