Прашањето за името ќе биде во фокусот на интересот на јавноста во следните месеци поради нараснатиот оптимизам дека може наскоро да се затвори. Ова е една од причините, поради која спорот беше тема на академско-дипломатска дебата на престижниот британски универзитет Оксфорд.
Погледнете го разговорот со еден од учесниците – универзитетскиот професор и член на тимот што ја застапуваше Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Тони Дескоски.
– Минималниот стандард за постигнување разликување меѓу името на нашата земја и поширокиот регион Македонија. А тоа многу лесно се постигнува. Со користење на име од нашата држава кое ќе биде сложено и ќе биде различно од Македонија. Тоа во моментов го имаме. Нашата држава се вика „Република Македонија“, по Устав. Името на нашата држава не е Македонија. „Македонија“ е фабрика за кечап во Неготино, „Македонија“ е аеродром во Солун, „Македонија“ е трговски центар во Солун. Ама нашата држава се вика „Република Македонија“. Со едно просто ограничување на нашата земја, секогаш и секаде во меѓународните односи да го користи полното уставно име, или скратена варијанта, на пример „Р. Македонија“, ние би ја постигнале целта којашто двете земји би требало да се согласат дека би требало да ја постигнат. Значи, треба да направиме жртва толку колку што е потребно, а не толку колку што некој замислил дека е потребно – рече Дескоски.