Попладнево во 16 часот во Собранието во Собранието министерката за правда Рената Дескоска треба да одржи средба за законот за јавно обвинителство.
Од Министерството за правда за „360 степени“ потврдуваат дека е закажана средба на ниво на работни групи, но ќе биде во проширен состав бидејќи се поканети претставници од сите пратенички групи.
За да се донесе нов закон за јавно обвинителство потребно е двотретинско мнозинство.
Најголемите политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се уште не можат да се усогласат околу новото законско решение.
Опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, во последната изјава на оваа тема нагласи дека голем дел од членовите во новиот предлог-закон се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи со повеќе одредби, според него, се крши Уставот и обвинителството се става под контрола на власта. Тој рече дека се подготвени за преговори, но не и за компромиси за кои според него се противуставни и антиевропски. Заев, пак, за ваквата изјава рече дека е резултат на инструкциите што доаѓаат од Будимпешта.