Во полиција пријавата стигнала од основно уличиште во Аеродром, а ученикот со родителите денеска бил на разговор
Десетгодишен ученик во основно училиште во Скопје заедно со своите родители бил на разговор во полиција бидејќи на клупа напишал заканувачка порака.
Од МВР информираа дека пријавата во полиција стигнала од основно училиште во Аеродром.
„Денеска (12.05.2023) полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина“,
соопштија од МВР.
За случајот, додаваат оттаму, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи.