Набрзо по завршувањето на гласањето во 21 часот, падна интернет-страницата на Државната изборна комисија на која јавноста можеше да ги следи резултатите. Пред малку претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, изјави дека станува збор за надворешен напад кој дополнително ќе се истражува.
За самите резултати кажа дека се обработени околу 70 отсто од податоците, но дека засега не би шпекулирал за нив.
„Гледате дека има мртва трка меѓу политичките конкуренти. Во секој случај, до крај на вечерта ќе имаме првични и неофицијални резултати“,
изјави Дерковски.
Според последните информации што можеа да се видат од екранот кој е инсталиран во ДИК, во благо водство се СДСМ и коалицијата пред ВМРО-ДПМНЕ. Во албанскиот политички кампус, ДУИ води пред Алијансата за Албанците и Алтернатива.