Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски пред малку изјави дека страницата за прикажување на резултати за парламентарните избори е нефункционална поради, како што рече, обид за надворешен напад, но тоа не влијае и на прибирањето и обработување на податоците.
„Од она што сум информиран можам да кажам само дека се работи веројатно за обид за надворешен напад. Јас не сум ни ИТ-експерт ниту можам да ви тврдам или кажам нешто. Но, додека не се потврди тоа, јас не би шпекулирал со други информации. Ќе видиме во текот на вечерта или наредниот ден за што се работи. Без разлика, не е оневозможено собирањето на податоците, електронскиот внес и ние ќе имаме податоци навреме би рекол“,
изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

(веста се надополнува)