За утре, исто така, се очекуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Ќе дува умерен ветер од југозападен и западен правец
Променливо облачно време нè очекува денеска, најави УХМР.
По котлините ќе има и појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, пак, ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Исто така, во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието и засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната дневна ќе достигне од 12 до 17 степени.
И во Скопје ќе биде претежно облачно и магливо. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 13 степени.
За утре, исто така, се очекуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Ќе дува умерен ветер од југозападен и западен правец.