Сите починати се во болнички услови, а најмладиот е на 44 години од Битола
Шест починати и 386 нови случаи со ковид – 19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Ова е досега најголем број новозаразени што се откриени преку тестирањата во едно деноноќие во земјава, од почетокот на пандемијата.
Сите починати се во болнички услови, на возраст од 44 до 81 година, и тоа: двајца од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).
Според Министерството за здравство од 2 267 тестирања, регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 и тоа најмногу во Скопје-178 и во Струмица – 44, по што следуваат: Прилеп-20, Куманово-18, Гевгелија-18, Битола-13, Тетово-13, Кочани-10, Струга-9, Штип-8, Охрид-7, Крива Паланка-7, Берово-7, Велес-5, Гостивар-4, Кичево-4, Радовиш-4, Валандово-3, Свети Николе-3, Кавадарци-3, Виница-2, Неготино-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Делчево-1, Дебар-1,
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5.
Со овие бројки, вкупно, ковид – дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 20 163, оздравени се 16 009, починати 781, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 373.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8088, активни 1432
• Куманово 1854, активни 162
• Дебар 292, активни 34
• Штип 1327, активни 92
• Прилеп 773, активни 144
• Тетово 1549, активни 188
• Струга 708, активни 51
• Велес 357, активни 36
• Битола 367, активни 90
• Охрид 454, активни 42
• Кавадарци 263, активни 47
• Гостивар 967, активни 72
• Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 394, активни 232
• Крива Паланка 142, активни 45
• Радовиш 122, активни 47
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 475, активни 207
• Пробиштип 123, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 139, активни 53
• Валандово 60, активни 45
• Виница 130, активни 40
• Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 394, активни 65
• Кичево 347, активни 30
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2 267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-515, Биотек-277, МАНУ -143, Жан Митрев (Филип Втори)-424, Систина со PCR метода -148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-89, Инфективна клиника-10, ГАК-16, Синлаб-31.
Досега во земјата се направени вкупно 203 779 тестирања на ковид -19.