Во најголем дел од училиштата во Скопје се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни дојави. За преостанатите каде што уште траат проверките ќе информираме дополнително. Во Куманово се завршени сите проверки и е утврдено дека се лажни пријави, велат од МВР
Направени се сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и во едно средно училиште во Куманово во врска со заканите за поставени експлозивни направи и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додаваат оттаму.
Од МВР информираат дека досега пријави стигнале од 17 основни и 22 средни училишта во Скопје, како и од 8 основни плус еден клон на училиште и едно средно училиште во Куманово.
„Во најголем дел од училиштата во Скопје се завршени проверките и е утврдено дека се лажни дојави. За преостанатите каде што уште траат проверките ќе информираме дополнително. Во Куманово се завршени сите проверки и утврдено е дека се лажни пријави“,
соопштија од МВР.