Променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Процесите наместа ќе бидат понинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а утринската температура ќе биде во опаѓање
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна што ќе ја зафати земјава, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално се очекува да бидам пообилни. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кој ќе дува претежно од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од пет до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, се очекува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд во делови од котлината и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневна температура во главниот град ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
Променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи и во текот на утрешниот ден. Процесите наместа ќе бидат понинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а утринската температура ќе биде во опаѓање. Нестабилното време особено ќе биде изразено во западните и јужните делови од земјава. Во чеврток се очекува да дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец.
