Денешната седница на Владата се одржа онлајн, преку апликацијата „Зум“, со цел да се почитуваат мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
„Како влада се приспособуваме на настанатите услови со појавата на ковид-19 во нашата земја. Колку подисциплинирано сите заедно се придржуваме до мерките за претпазливост толку побргу ќе ја надминеме сериозната закана од вирусот и ќе го вратиме нормалниот тек на нашето секојдневие“,
порача Спасовски.
Можноста седниците да се водат онлајн или телефонски беше отворена откако Владата на 22 март го измени Деловникот за работа.