Бугарија е членка на НАТО и ние учествуваме во колективната одбрана. НАТО ја гарантира нашата национална безбедност, вели бугарскиот министер за одбрана

Министерот за одбрана во преодната влада на Бугарија, Димитар Стојанов вели дека најавената делумна мобилизација од Владимир Путин во Русија нема директна закана за Бугарија, но постои ризик за националната безбедност.
„Бугарија е членка на НАТО и ние учествуваме во колективната одбрана. НАТО ја гарантира нашата национална безбедност“,
нагласи Стојанов.
Според него, секој жежок конфликт, како оној во Украина, е ризик за националната безбедност, поради бегалскиот бран и употребата на економски средства, што, како што вели, доведува до влијание врз националната безбедност на Бугарија.
„На седница на бугарската влада донесовме три важни документи поврзани со Министерството за одбрана. Првата е одлука за бесплатна хуманитарна помош за Украина. На Украина ќе и бидат доделени 350 медицински комплети кои обезбедуваат медицинска нега на 35 000 граѓани. Втората одлука е од исклучителна важност за Министерството за одбрана. Владата на Бугарија прифати документ за купување втора серија од осум авиони Ф-16, Блок 70. На владината седница беа донесени одлуки за модернизациски акции на бугарската армија за 1 290 милијарди американски долари, што вклучува и купување на втората серија американски ловци Ф-16 Блок 70“,
вели Стојанов.