Повикувајќи се на министерот за здравство и вонредни ситуации на Андалузија, Антонио Санц, медиумите јавуваат дека некои смртни случаи се случиле откако жртвите решиле сами да заминат низ суво речно корито што се покажало како „вистинска стапица“

Екипи за итни интервенции се обидуваат да го локализираат шумскиот пожар во јужната шпанска покраина Андалузија, во кој најмалку 11 лица загинаа, 19 се водат како исчезнати, а стотици се евакуирани.
Огнот околу општината Лос Гаљардос во Алмерија, се чини дека е предизвикан од паднат далновод врз исушена вегетација.
Телата на жртвите биле пронајдени во близина на малото село Бедар. Можно е сите жртви да се странски туристи, а за четворица кои биле пронајдени заробени во своите возила се верува дека се „од британско потекло“ и дека автомобилот имал волан од десно.
Локалните медиуми јавуваат дека дел од жртвите загинале додека се движеле по сопствена рута за евакуација, а не по онаа што ја определиле локалните службеници, јавуваат локалните медиуми, а пренесе „Би-би-си“.
Повикувајќи се на министерот за здравство и вонредни состојби на Андалузија, Антонио Санц, се вели дека некои смртни случаи се случиле откако жртвите решиле сами да заминат низ суво речно корито, што се покажало како вистинска стапица.
Градоначалникот на Бедар изјавил дека во раните фази на пожарот, тие оделе „од врата до врата“ предупредувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови. Сепак, тој додал дека некои не сакале да заминат. Oколу 600 луѓе остануваат раселени од своите домови поради пожарот.
За регионалниот претседател Хуанма Морено влијанието на пожарот е „разорно“ и предупредува дека бројот на жртви може значително да се зголеми.
Шпанскиот премиер Педро Санчез вели дека сите „материјални и човечки“ ресурси на Шпанија се распоредени за гаснење на пожарот.
Acabo de conversar con el presidente de la Junta de Andalucía, @JuanMa_Moreno. Trabajamos desde el primer momento con la máxima colaboración entre las instituciones para hacer frente a esta tragedia.
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) July 10, 2026
Todos los medios materiales y humanos del Gobierno de España están ya…
Продолжен топлотен бран со температури од околу 40 степени Целзиусови предизвика шумски пожари низ јужна Европа ова лето.
