Тој беше единствениот кандидат за функцијата и е избран едногласно. Мекалистер е член на германската партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и Европската народна партија (ЕПП)
Дејвид Мекалистер, пратеникот во Европскиот парламент е реизбран за претседател на Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ).
Тој беше единствениот кандидат за функцијата и е избран едногласно. Мекалистер е член на германската партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и Европската народна партија (ЕПП).

Мекалистер по гласањето потенцира дека кој и да седне во Белата куќа во САД во јануари, ЕУ мора да ги одржува стабилни односите, а воедно и дека ќе работат на зајакнување на односите со Западен Балкан.
„Мораме да одржуваме силни трансатлантски односи без разлика кој ќе биде во Белата куќа по јануари. Мораме да ја задржиме агресивната Русија и дополнително да ја зголемиме хуманитарната, економската, финансиската и воената поддршка за Украина на нејзиниот пат кон мир и членство во ЕУ и НАТО. Во исто време, ќе продолжиме да го нагласуваме нашето непосредно соседство и нашите партнери од Западен Балкан“,
рече Мекалистер.
Тој најави дека следниот состанок на АФЕТ ќе се одржи на 4 септември, кога се оечкува да бидат избрани новите известувачи во Европскиот парламент за земјите од Западен Балкан.
За неговиот реизбор, Дејвид Мекалистер беше номиниран од ЕПП.