Екипите се на терен и се работи на санирање на дефектот, но не се знае до кога ќе биде прекинот
Поголемиот дел од Тетово и околните населени места од утринава се без електрична енергија.
Од „Електродиструбуција“ велат дека прекинот е поради испад на 20-киловолтен далновод.
Пријавата е стигната утринава во 8:40 часот.
Екипите се на терен и се работи на санирање на дефектот, но не се знае до кога ќе биде прекинот, ни рекоа од контакт-центарот на „Електродиструибуција“.
Инаку, поради планирани прекини, Тетово и околината и следната недела ќе бидат без електрична енергија. На 25 февруари, во периодот од 9 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од Тетово, објектите што се наоѓаат во населбата Дребој, под автопатот и дел од селото Порој и објектите што се наоѓаат на патот кај гробиштата.
Следниот ден, на 26 февруари, од 9 до 14 часот без струја ќе биде дел од Тетово.