Заврши јавната расправа за нацрт-амандманите на Уставот кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Сега на потег е повторно предлагачот – Владата, која до среда треба да ги сумира резултатите и предлозите од јавната и парламентарната дебата и до Собранието да достави финален текст на предлогот на амандманите.
Се чини извесно дека корекции ќе има во амандманот што се однесува на членот 49 на Уставот, и тоа во ставот три, кој во нацрт-верзијата гласи: Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство. Овој став предизвика реакции кај дел од опозициските партии на Албанците и во некои кругови во Грција, па најверојатно ќе биде преформулиран.
Нова формулација се очекува и вo амандманот на преамбулата поради критиките дека споменувањето на АСНОМ не треба да се ограничи само на прогласот туку треба да се споменат и другите политички документи.
Еве како помина дебатата во Тетово.
Напишете коментар