Според обработените податоци на ДИК за одзивот на гласањето, најголема излезеност има во Општина Новаци – 42,87%, а најмала излезеност е забележана во Врапчиште – 10,11%
Со 49,03% обработеност на податоците, излезеноста до 13 часот изнесува 26,35%, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците, како што рече, се од пристигнати 1 720 избирачки места, а гласале 229 803 гласачи.

Според обработените податоци на ДИК за одзивот на гласањето, најголема излезеност има во Оштина Новаци – 42,87% , а најмала излезеност е забележана во Врапчиште – 10,11%. Гласањето, како што кажа Даштевски, се одвива мирно на сите гласачки места.
Според податоците што тој ги соопшти, излезеноста е поголема споредбено со првиот круг од претседателските избори во 2019 година.
„Споредбата со 2019, е точно за шест отсто поголема сега од 2019 година“,
рече Даштевски.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право. Од нив се усвоени 16 приговори и на избирачите име е овозможено да остварат право на глас, осум се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите приговори се во обработка, посочи првиот човек на ДИК.