Во Данска на 10 септември лани беше објавено дека епидемијата на коронавирус е целосно под контрола и дека поради тоа се укинати сите мерки. Подоцна, бидејќи случаите излегоа од контрола, ограничувањата беа повторно применети од 15 ноември 2021 година
Данските власти донесоа одлука за исклучување на ковид-19 од категоријата ризични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати сите ограничувања во оваа земја.
Премиерот Мете Фредериксен рече дека со отстранувањето на короната од категоријата социјално критични болести, одлучиле да ги укинат сите ограничувања од 1 февруари, за што добиле целосна поддршка од другите партии во парламентот.
Истакнувајќи дека пасошот за ковид ќе продолжи да се бара само при влез во Данска од странство, Фредериксен рече дека „одлучиле да ги отстранат сите ограничувања од 1 февруари“.
„На крајот на јануари, на почетокот на февруари, бројот на заразени со коронавирусот ќе го достигне својот врв, а потоа ќе има намалување“,
рече таа.
Наведувајќи дека и покрај тоа што ограничувањата ќе станат минато и ќе се нормализира секојдневието, властите ќе ги следат податоците за ковид-19 и дека ќе се воведе четврта доза вакцина.
Во Данска исто така, на 10 септември беше објавено дека епидемијата на коронавирус е целосно под контрола и дека поради тоа се укинати сите мерки.
Подоцна, бидејќи случаите излегоа од контрола и од 15 ноември 2021 година ограничувањата беа повторно воведени.
Главниот епидемиолог на данскиот државен институт за серум, Тира Краузе, на 3 јануари рече дека варијантата омикрон ставила крај на епидемијата на ковид-19 и дека луѓето ќе се вратат во својот нормален живот во рок од два месеци.
Според податоците објавени од Националната здравствена агенција, бројот на луѓе кои починале како последица на ковид во Данска се искачи на 3 635, а бројот на заразени во земјата се искачи на 1,48 милиони.