На аеродромите ќе се прават брзи бесплатни тетови, а за пристигнување по копнен пат мора да се поседува ПЦР тест не постар од 24 часа
Од денеска, сите што влегуваат во Данска мора да поминат задолжителен 10-дневен карантин, соопшти Министерството за надворешни работи во Копенхаген.
Сите кои ќе пристигнат со авион ќе треба да направат бесплатен антиген тест пред да го напуштат аеродромот, но без разлика од резултатот, секој ќе мора да помине изолација во период од 10 дена.
Задолжителниот карантин може да се прекине ако граѓанинот достави негативен ПЦР тест, но не порано од четвртиот ден по влегувањето во Данска.
Ако резултатот од антиген – тестот е позитивен, лицето ќе биде тестирано и со ПЦР за да се утврди кој вид на коронавирус има, по што ќе му биде обезбеден превоз до неговиот дом.
Граѓаните кои пристигнуваат во Данска со автомобил, воз или брод мора да покажат негативен тест направен 24 часа пред пристигнувањето на данската граница.
Ова барање не се однесува на дански државјани и странци кои се со постојан престој во Данска или имаат дозвола за престој во земјата.
Мерката ќе биде на сила до 28 февруари.