Гувернерот на италијанскиот регион Кампанија, Винченцо Де Лука, чија популарност деновиве значително се зголеми поради неговите оригинални обраќања кон жителите од регионот за тоа како да се однесуваат за време на епидемијата на коронавирус, на Фејсбук ја објаснуваше „Фазата 2“ и повторно го покажа својот темперамент.
На писмо во кое жител на Кампанија се жали дека во„ Фазата 2“ вообичаениот ноќен живот нема да може да се врати, гувернерот прво повтори дека во оваа фаза сите ќе мора строго да се придржуваат кон мерките за забрана, пред се за растојанието од најмалку еден метар, и потврди дека нема да има враќање на состојбата од пред три месеци, а потоа „експлодира“.
„Дали си глупав или си будала? Постои некој на кого чавката му го испила мозокот и кој не сфаќа дека втората фаза е враќање, но не во состојба од пред 3 месеци, туку во состојба на претпазливост и заштита од ризик од повторно ширење на заразата“,
напиша Де Лука.
Тој рече дека нема да губат време ниту ќе подлегнуваат на некаков притисок и ако ситуацијата не е мирна ќе реагираат.