Истрагата за литијата во Струга се комплетира и е пред самиот крај, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, според кого имало затајување на превентивната улога на полицијата во овој случај. Чулев додаде дека сѐ уште не го добил извештајот од внатрешната контрола за пропусти на полицијата.
„СВР Охрид работи во координација со Јавното обвинителство, се идентификуваат лицата, се повикуваат, се поднесуваат кривични пријави и соодветни поднесоци во обвинителството. Се комплетира случајот со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата. Штом биде комплетирана целата постапка, јавноста ќе биде информирана,“
изјави Чулев.
Во однос, пак, на истрагата за случајот поврзан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во јавноста именуван како „Теретана“ , Чулев повтори дека тој не трпи притисоци и дека Одделот за внатрешна контрола постапува во соработка со Јавното обвинителство и во соработка на двајцата помошници министри. На новинарско прашање дали бил во заблуда или лажел кога рекол дека лицата во фитнес-салата не носат ракавици, туку станува збор за отсјај, Чулев рече дека само го цитирал тоа што е наведено во извештајот од Одделот за внатрешна контрола.
„Извршени се разговори со вработените во теретаната, но во моментот се врши и вештачење од Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика на материјалите од фитнес – клубот за период од една година. Се надевам во краток период во соработка со обвинителството ќе се утврди вистинитоста за овој случај и за тоа ќе биде информирана јавноста“,
додаде Чулев.
Чулев денеска најави дека во следниот период МВР ќе објави информации за носители за на јавни функции за кои имаат сознанија дека сториле кривични дела, но не прецизираше ниту кога ниту за кого станува збор. Ова тој го најави и вчера во интервју за ТВ 21.
*Поврзани вести
Јовески: Сè уште се прибираат докази за ексдиректорката на кожната клиника и литијата во Струга
Премиерот бара оставка од министерот Чулев поради собирот во Струга
Обвинителството отвори предмет за вчерашната масовна литија во Струга
