Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушувано раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство“,
рече Чулев.
На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушување или следење на политички претставници.
Одговорите на Чулев на новинарските прашања следуваа откако врвот на опозициската партија обвинуваше дека е следен и прислушуван.
Потпретседателот Александар Николоски пред неколку дена на ТВ 24 тврдеше дека има сериозни докази дека некој ги следи врвот на партијата и нивните семејства, но иако во МВР е министерот на предлог од неговата партија нема да пријави.
Денеска изјава дека е прислушуван имаше и лидерот Христијан Мицкоски, кој кога одговараше на прашања за тоа дали се јавувал на телефон да врши притисок за случајот со фотнес-салата во еден дел рече: „Нема да тужам никого, ниту човекот со кого разговарав, ниту техничката заменик-министерка, ниту МВР. Ве молам, извадете го разговорот и нека види јавноста што е, бидејќи конструиравте таква ситуација“.