Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев, смета дека натпреварот на фудбалските репрезентации на Македонија и на Косово на 26 март во Скопје може да се игра со публика.
„Одлуката за тоа дали треба да се игра со публика или не поради коронавирусот, не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата“,
вели Чулев.
При денешните средби со раководствата на СВР Тетово и на ОВР Гостивар, Чулев рече дека политичките и етничките разлики не треба да се пречка за успешна соработка во организацијата на фудбалскиот натпревар меѓу македонската и косовската репрезентација, како и на претстојните парламентарни избори.