МВР информираше дека вчера заедно со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) направиле 285 контроли во објекти на подрачјето на Скопје и откриле четири локали кои работеле после дозволеното време односно по 18 часот.
ДПИ изрекол забрани за работа, а МВР најавува кривични пријави.
Станува збор за еден објект во Аеродром, еден во Гази Баба и два во Сарај односно селата Копаница и Чајлане.
Во тетовското село Пирок, пак, синоќа е откриен еден објект во кој во 21:30 часот биле затекнати 15 гости.
МВР најавува кривични за делото непостапување според законските прописи во време на епидемија.
