За еден ден починаа 106 лица
Во последните 24 часа во Чешка се регистрирани 11 984 нови случаи на коронавирус, што е повторно највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата.
За еден ден починаа 106 лица, покажуваат денеска податоците на Министерството за здравство.
Чешката влада претпладне ќе одржи вонредна седница за епидемиолошката состојба во земјата.
Министерот за здравство Роман Примула најави построги мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Заменик-премиерот Карел Хавилчек пред два дена најави дека за најмалку две недели владата ќе одлучи дали ќе воведе целосен карантин за спречување на епидемијата.
Во Чешка веќе се затворени ноќните клубови и рестораните, спортските и фитнес-центрите, театрите и киносалите. Училиштата имаат онлајн-настава, но продавниците сè уште се отворени.