Во Чешка се регистрирани уште 8.713 нови случаи на коронавирус, што е најголем број забележан во викенд во таа земја, која моментно има највисока стапка на зараза со вирусот во Европа.
Заменик премиерот Карел Хавилчек најави дека за најмалку две недели Владата ќе одлучи дали ќе воведе целосен карантин за спречување на епидемијата.
Во Чешка веќе се затворени ноќните клубови и рестораните, спортските и фитнес центри, театрите и киносалите,. Училиштата имаат онлајн настава, но продавниците сè уште се отворени.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека во Чешка се регистрирани 828 случаи на зараза на 100.000 жители во последните две недели, што е десет пати повеќе отколку, на пример, во соседна Германија.
Ако последните ограничувања не ги дадат очекуваните резултати, пред да се воведе целосен карантин властите најавуваат дека ќе пробаат да ја стабилизираат прво со уште неколку други мерки.