Во изминатото деноноќие Чешка регистрира рекорден број нови случаи со ковид-19, вкупно 14 968 луѓе.
За истиот период 69 луѓе починале од последици на ковид-19.
Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа. Досега се потврдени 208 915 инфицирани лица и 1 793 смртни случаи.
Од денеска во Чешка стапуваат во сила нови порестриктивни мерки, вклучително и затворање на многу продавници, трговски центри и хотели. На луѓето ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, со некои исклучоци.
Владините канцеларии, исто така, ќе го ограничат работното време. Според новиот режим, продавниците за храна и лекови, аптеките и бензинските пумпи ќе останат отворени. Од вчера во сила е мерката за носење заштитна маска на отворено и во автомобили.