Во Скопје во моментов има активни 720 случаи со ковид-19. Од нив, 67 се регистрирани денеска. На ниво на држава, пак, вкупниот број на нови случаи е 127. Активни се 1 343.
Во денешната статистика за состојбата со коронавирусот, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Министерството за здравство, ја објавија и статистиката за состојбата во главниот град по општини.
Таа е направена заклучно со вчерашниот датум, односно во неа не се вклучени денешните 67 случаи. Така, врвот го држи Чаир, а по оваа се општините Центар и Бутел. И двајца странци се водат како активни случаи во Скопје.
• Чаир – 168
• Центар – 64
• Бутел – 63
• Гази Баба – 58
• Аеродром – 57
• Сарај – 55
• Карпош – 45
• Кисела Вода – 35
• Арачиново – 23
• Студеничани – 19
• Илинден – 18
• Ѓорче Петров – 18
• Шуто Оризари – 17
• Петровец – 6
• Чучер Сандево – 3
• Сопиште – 2
• Странец – 2
Скопје, заедно со Штип, Куманово и Тетово, е еден од најкритичните региони и се очекува дали денеска Владата ќе одлучи во овие градови да врати дел од рестриктивните мерки, како што е полицискиот час.