Во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија експлицитно е запишан терминот „заедничка историја“, вели доцент Наум Кајчев, поранешен бугарски конзул во Битола и актуелен заменик-претседател на бугарскиот дел од Комисијата за историски прашања со Македонија.
„Да се негира таа заедничка историја не само што значи изневерување на историскиот професионализам, туку и неисполнување на Договорот. Во оваа смисла, за жал, не само историчарите, туку и политичарите од Република Северна Македонија, па и Претседателот на Република Северна Македонија, рече дека во Договорот не се споменува терминот ‘заедничка историја’. Очигледно, имаме низа изјави што се во спротивност со Договорот меѓу нашите две држави. Заклучоците ќе ги оставам на вашите читатели“,
вели Кајчев.
На прашањето дали причината за ваквите изјави е евентуалното одржување на парламентарни избори во Македонија во блиска иднина и дали по нив билатералната комисија ќе продолжи со нормална работа, Кајчев рече:
„Тоа го изјавија. Најважното е да има волја од страна на Република Северна Македонија за исполнување на Договорот меѓу нашите две земји“,
вели доцент Кајчев.