Веќе половина месец не стивнуваат протестите во Бугарија, кои се проширија низ целата земја, иако во меѓувреме парламентот и изгласа доверба на владата на Бојко Борисов
Бугарскиот претседател Румен Радев вечерва им се придружи на демонстрантите кои 15-ти ден протестираа во Софија и во другите градови низ земјата против владата на Бојко Бирисов, а бараат оствака и од главниот јавен обвинтел Иван Гешев.
„Благодарение на вас, плоштадите се полни со надеж и непомирливост. Илјадници луѓе протестираат на улиците на сите поголеми градови во Бугарија и Европа. Транспарентите ви кажуваат многу вистини за кои медиумите молчеа, за кои властите остануваат глуви и одбиваат да ги слушнат. Протестите ги убедија сите Бугари дека не се сами и дека заедничката желба за слобода, закон и правда ги обединува сите генерации“,
рече бугарскиот претседател пред демонстрантите.
Тој рече дека протестите се почеток на крајот на злобниот модел што Бугарија ја закотви на дното на Европа.
„Ни треба нов парламент затоа што сегашното мнозинство е глуво на барањата на народот. Треба да го отвориме патот за уставни реформи и промени што ги зајакнуваат граѓанските права, спроведуваат судски реформи, ја нарушуваат корупцијата, обезбедуваат услови за работа и приход и што ги враќаат нашите браќа од странство. Задачата е историска, бара единство“,
рече Радев.
Веќе половина месец не стивнуваат протестите во Бугарија, кои се проширија низ целата земја, иако во меѓувреме парламентот во Софија ѝ изгласа доверба на владата на Бојко Борисов.
Денеска Борисов најави и реконструкција на својот кабинет, откако неколку министри поднесоа оставки, што тој ги прифати.
Конфликтот меѓу претседателот и премиерот во Бугарија трае веќе подолго време, така што Борисов неодамна го обвини Радев дека стои зад масовните антивладини протести.