Пратениците не го прифатија барањето на БСП и Борисов да даде образложение
Бугарскиот парламент денеска се согласи да ги сослуша вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов за резултатот од преговорите со Република Северна Македонија.
Како што објави БГНЕС, пратеничката група на БСП побара и премиерот Бојко Борисов да биде сослушан во Националното собрание, но барањето не беше прифатено.
По видеоконференцијата на министрите за надворешни работи на ЕУ вчера, вицепремиерката Захариева изјави дека Бугарија во моментов не може да ја поддржи рамката за преговори со С Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција бидејќи предлогот не ги содржи бугарските барања – придржување до формулата за јазикот од 1999 година, временска рамка за имплементација на Договорот од 2017 и многу јасна определба дека нема да се поддржуваат претензиите за македонско малцинство во Бугарија.
Поради тоа, не може да биде поддржан во сегашната форма, рече Захариева на брифингот со бугарските новинари.