Нарачавме меѓународна компанија да ги провери условите на автопатот Струма, ова за бугарски медиуми го изјави Богдан Милчев од бугарскиот Институт за безбедност на патиштата.
„Вистината е заложник на бугарско-македонските односи, па затоа е избран меѓународен ревизор. Обвинителството сака изненадувачки брзо да го затвори овој случај, а уште од првите часови на несреќата ни се кажува дека вината е кај возачот. Возачот не може да се брани, па случајот брзо ќе заврши. Во најбрз можен рок ќе се исплати обештетувањето на роднините на загинатите и ќе има мир во целото општество“,
вели Милчев.
Експертот е дециден дека случајот намерно ќе се одолговлекува, наведувајќи друг случај со смртта на патниците во автобусот на патот кон Своге. „Ако се докаже дека патот е проблем, бугарската страна ќе мора да ѝ плати огромна оштета на РС Македонија“, додаде Милчев.
„Сепак, обвинителството одбива да истражи како условите на патот влијаеле на возач, одбива да ги истражи погрешно поставените заштитни огради, како што се наведува во извештајот. Документот докажува дека овие заштитни огради биле оштетени од претходни несреќи и дека по претходни несреќи биле поправени и погрешно поставени. Ако беа правилно поставени, ќе го задржеа автобусот и ќе му ја сменеа траекторијата без тој да падне во стапицата на заштитната ограда. Жртвите не се од несреќата, туку поради замката на заштитната ограда, која наместо да го заштити автобусот, го оштетила. Недостасува знак кој требало да го извести возачот дека следува таков свиок. Два месеци претходно Управата за патишта констатирала дека таков знак нема и реагирала. На патиштата кај нас недостигаат над 400 знаци, но министерот за регионален развој молчи, а обвинителството одбива да го истражи сето ова“,
додаде Милчев.
Милчев беше дециден дека претстојат и други сериозни несреќи.