Според вкупниот број гласови, бугарската претставничка Дара освои 516. На второто место се рангираше Израел со 343, а третото место припадна на Романија со 296 поени

Бугарија е победник на 70. издание на натпреварот за најдобра песна на Евровизија што се одржа во Виена. Со најголем број гласови од жирито и публиката, 27-годишната Дара го освои првото место со песната „Бангаранга“.
Според вкупниот број гласови, бугарската претставничка освои 516. На второто место се рангираше Израел со 343, а трето место припадна на Романија со 296 поени. Австралија освои 287 поени, а зад неа се рангираше Италија со 281 поен.

Бугарија, која по три години пауза се врати да учествува на Евровизија беше далеку од фаворит според анкетите и гласањата пред шоуто. Но сценскиот настап со сложена кореографија и певливиот, заразен рефрен донесе победа на Бугарија за прв пат на Евровизија, пренесува Би-би-си.
Како што пренесува медиумот, текстот на победничката песна се осврнува на посветеноста на Дара за надминување на анксиозноста и АДХД, кои и биле дијагностицирани минатата година.
„Бангаранга е нешто што секој го има во себе. Тоа е моментот кога избирате да водите со љубов, а не со страв.“
порача Дара.
Вистинското име на пејачката е Дарина Јотова. Таа е родена во Варна и на јавноста ѝ стана позната во 2015 година, кога се пласираше во финалето на шоуто за избор на таленти „Икс-фактор“.
