Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов, најави дека вакцината против ковид „Астра Зенека“ нема да ја даваат на жени помлади од 60 години кои имаат ризик од тромбоза.
„Вакцината ‘Астра Зенека’ нема да се аплицира во Бугарија на жени под 60-годишна возраст со зголемен ризик од тромбоза. Сите луѓе кои ја примаат првата доза на оваа вакцина и кои немале никакви несакани ефекти, можат да се вакцинираат со иста вакцина“,
изјави Ангелов.
Тој додаде дека имунизацијата ќе продолжи, но сите оние кои ја примиле првата доза од „Астра Зенека“, а имаат дилеми околу ревакцинирање со истата, ќе може да ја примат вакцината на „Фајзер“.
На луѓето пак, кои ќе останат само со една доза нема да им се издаде потврда дека биле вакцинирани, соопштија здравствените власти на Бугарија.