Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се вакцинирала против ковид-19. Веста на Твитер ја објави нејзиниот портпарол Штефен Зајбер, кој сподели дека канцеларката ја примила првата доза од вакцината на „Астра зенека“. Вакцината ја примила во центарот за вакцинација на поранешниот аеродром во Берлин- Темпелхоф.
„Им благодарам на сите кои се ангажираат во кампањата за вакцинација, и на сите кои се вакцинираат“ стои во објавата заедно со фотографија од потврдата за вакцинација. Канцеларката Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе соопшти дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред.
Kanzlerin #Merkel: „Ich freue mich, dass ich heute die Erstimpfung mit AstraZeneca bekommen habe. Ich danke allen, die sich in der Impfkampagne engagieren – und allen, die sich impfen lassen. Das Impfen ist der Schlüssel, um die Pandemie zu überwinden.“ pic.twitter.com/P4kMJYNrlc
— Steffen Seibert (@RegSprecher) April 16, 2021
По препорака на германската Централна комисија за вакцини, од почетокот на април само лицата на возраст над 60 години се вакцинираат со „Астра Зенека“. Министрите за здравство на федералните провинции пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја примија „АстраЗ енека“ како прва доза, на ревакцинацијата да добијат „Фајзер“ или „Модерна“.