Од денеска наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко присуство според распоредот, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50 отсто од групите, а нема да се дозволи мешање на групи
Од денеска 21 март во Бугарија укинат е условот за „зелен сертификат” за сите активности и настани, јави МИА од Софија.
Од денеска наставата на универзитетите ќе се спроведува со физичко присуство според распоредот, бидејќи не се дозволени симултани практични или семинарски вежби на повеќе од 50 отсто од групите, а нема да се дозволи мешање на групи. Предавањата ќе се одржуваат со 50 отсто исполнетост на салите.
И покрај укинувањето на зелениот сертификат, останува условот за редовно проветрување, дезинфекција и носење заштитни маски од страна на учениците и наставниците.