Во текот на оваа недела во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории во кои ќе се испитува присуство на ковид-19 во земените брисеви. Станува збор за лабораториите на МАНУ и на Институтот за судска медицина.
„Со ова бројот на тестирања во текот на денот се зголемува од 50 до 100, ќе се елиминира долгото чекање на резултати кој се случува во одредени ситуации со оглед на големиот број на брисеви“,
најави министерот Венко Филипче.
Досега во земјава се направени вкупно 8 552 тестирања. Само во последното деноноќие бројката изнесува 330 теста.