Бројот на смртни случаи во САД од ковид-19 надмина 150 000 со последните бројки регистрирани во текот на вчерашниот ден.
Како што пишува „Ројтерс“, вчера се регистрирани 1 461 жртва или на секоја минута имало по еден смртен случај. Вчерашните бројки не се и дневен рекорд во САД бидејќи на 27 мај имало 1 484 починати.
Според извештаите на новинската агенција, САД се наоѓаат на шестото место во светот по смртни случаи по глава на жител – имаат 45 жртви на 100 000 луѓе. Пред нив се Велика Британија, Шпанија, Италија, Перу и Чиле.