Во САД бројот на новозаразени од почетокот на пандемијата со ковид-19 надмина шест милиони, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
И податоците на „Ворлодометар“, покажуваат дека веќе има над 6 200 000 заразени. Бројот на смртни случаи изнесува речиси 190 000.
Овие бројки покажуваат дека во САД се регистрирани околу 20 проценти од вкупниот број на случаи со ковид-19 во светот.
На светско ниво, пак, досега има околу 25,5 милиони заразени и над 850 000 смртни случаи.