Од првиот случај на заразен со новиот коронавирус во светот досега, бројот се зголеми на 40 568 277 лица. Според податоците на „Ворлдометерс“ досега оздравени се вкупно 30 280 403, а починати се 1 121 564 пациенти.
Со најголем број на активни случаи во моментот сè уште се САД со вкупно 2 724 529, а на второто место е Франција со вкупно повеќе од 770 илјади активни случаи во моментот. Индија е веднаш позади Франција со повеќе од 748 илјади активни случаи.
Во првите 10 земји во светот по број на активните случаи се и: Бразил (433 949), Русија (315 046), Белгија (190 683), Украина (171 476), Аргентина (159 448), Мексико (146 024) и Италија (134 003).
Во регионов, исто така, се зголемуваат борјот на ковид-случаи на дневно ниво.
Во Албанија во последното деноноќие регистриран е нов рекорд на новозаразени. Од тестраните 1 413 потврдени се 295 што е 21 отсто од направените тестови. Со последните статистики, вкупниот број изнесува 17 350 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 96 лица или вкупно досега 10 167. Починаа три лица односно 454 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување, од 6 729 активни случаи, 259 се примени во болница, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.
Бројката на жртви на пандемијата на ковид-19 во Косово достигна до 656, откако три пациенти кај кои бил откриен новиот коронавирус починаа во последните 24 часа. Според Националниот институт за јавно зравство на Косово, вчера се откриени 118 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17 009.
Во дневниот извештај на Институтот се наведува дека, вклучително вчерашните 50 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14 716 лица. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1 637 активни носители на вирусот.
Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 145 новозаразени со вирусот и четири смртни случаи. Најголем дел новозаразени се од Подгорица – 65. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот е 231 од почетокот на јуни, а 240 од почетокот на годината.
Во изминатото деноноќие во Србија за коронавирус биле тестирани 5 746 граѓани, од кои 122 биле позитивни. Починале две лица или вкупно 778 лица. Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени вкупно 36 282 случаи на инфекција со ковид-19.