„360 степени“ уште минатата недела објави дека свидетелства оваа година во јуни ќе има само за оние кои завршуваат деветто одделение и матурантите
Свидетелствата ги набавува Бирото за развој на образование, а последниот распишан тендер за ваква набавка бил минатата година и тој договор истекува во јуни годинава. Според јавно достапните информации на Бирото за јавни набавки, годинава сè уште не е распишан нов тендер
Директорот на Бирото за развој на образованието Зекирија Хасипи тврди дека свидетелства има, но до училиштата ќе бидат дистрибуирани до септември за да се не се правеле гужви.
„Заради пандемијата, во текот на учебната година ќе се дадат свидетелствата. Се очекува дека до тој период, крај на август, почеток на септември, ситуацијата со пандемијата ќе се стабилизира и тогаш ќе бидат доделени свидетелствата и на сите други одделенија“,
изјави Хасипи за Сител.
„360 степени“ уште минатата недела објави дека свидетелства оваа година во јуни ќе има само за оние кои завршуваат деветто одделение и матурантите.
„Нема свидетелства, не знаеме точно каде е проблемот. Ги собиравме празните свидетелствата што ни останаа од минатата година само за да им издадеме на учениците кои завршуваат деветто одделение, за да може да се запишат во средно. За другите немаме, не знаеме ниту кога ќе има, а нема ниту свидетелства за пониските одделенија, кои ги оценуваме описно“,
вели наставник од едно основно училиште.
Ситуацијата е слична и во средните училишта, професорите ги собираат ланските свидетелства за да им се издадат само на матурантите со цел да го продолжат образованието на студии.
Свидетелствата ги набавува Бирото за развој на образование, а последниот распишан тендер за ваква набавка бил минатата година и тој договор истекува во јуни годинава. Според јавно достапните информации на Бирото за јавни набавки, годинава сè уште не е распишан нов тендер.
Од Министерството за образование не одговорија на прашањето на „360 степени“ како е настанат овој проблем и кога се очекува да се реши.