Бразил веќе ја надмина бројката на 4 милиони случаи на ковид, а во Индија засега има 3,9 милиони. И во двете земји на дневно ниво се регистрираат по илјадници нови случаи. Во моментов од земјите во светот најмногу регистрирани случаи на новиот коронавирус има САД – 6,3 милиони.
Во Бразил има и 3,3 милиони оздравени пациенти, а досега починаа 124 729 лица од ковид. Во Индија, пак, 3,1 милиони се оздравени, а починати се 68 569 лица од ковид.
Во САД досега починаа 191 058 лица, а оздравени се 3,6 милиони.