Брајан Волш вчера беше обвинет за убиство, а веќе е во притвор под обвинение дека ја довел полицијата во заблуда. Тој денеска треба да се појави пред суд по ново обвинение за убиство
Брајан Волш, сопругот на исчезнатата Србинка од Масачусетс, Ана Волш, е обвинет дека ја убил, а според последните информации, тој е осомничен дека го распарчил нејзиното тело во подрумот.
Имено, како што пишува ЛАМаг, Брајан бил во домашен притвор и ја чекал пресудата поради обвинение за измама, а се сомнева дека токму во тој период, на новогодишната ноќ, ја убил сопругата Ана во подрумот од куќата, а потоа нејзините останки се фрлени во инсинератор.
Брајан Волш вчера беше обвинет за убиство, а веќе е во притвор под обвинение дека ја довел полицијата во заблуда. Тој денеска треба да се појави пред суд по ново обвинение за убиство.
Окружниот обвинител на округот Норфолк, Мајкл Морси, рече дека доказите во истрагата ги поддржуваат обвиненијата.
„На судењето најверојатно ќе бидат презентирани дополнителни детали во истрагата и докази кои ги поткрепуваат тие обвиненија, но засега нема да бидат обелоденети“,
рече тој.
Телефонскиот сигнал на Брајан бил лоциран на две депонии и центар за рециклирање каде се користеле печки за согорување. Станува збор за Абингтон и Броктон, две предградија на јужниот брег на Масачусетс, во близина на имотот на семејството Волш.
„Има голема количина на физички докази собрани на различни локации, но малку е веројатно дека ќе биде пронајдено тело“,
изјави висок полициски функционер за ЛАМаг.
Инспекторите тврдат дека тој не го пријавил исчезнувањето на неговата сопруга за да се исчистат доказите.
„Тој беше во куќата цело време, во петокот и во саботата, им помагаше на полициските инспектори, но истражителите велат дека Брајан Волш бил виден на надзорните камери како купува средства за чистење во вредност од 450 долари“,
рече обвинителот.
Исто така, обвинителите рекоа дека Брајан Волш ја лажел полицијата, велејќи дека отишол да земе сладолед за својот син, кога всушност отишол во продавница за да купи средства за чистење во вредност од 450 долари.
Ана Волш се води како исчезната од 1 јануари, кога официјално заминала за Вашингтон. Во рамките на истрагата, уапсен е сопругот на Ана Волш, Брајан Волш, а во подрумот на куќата биле пронајдени траги од крв и крвав нож. Се појави и документ кој покажува дека сосед на Волш ѝ рекол на полицијата дека има снимки од безбедносни камери кои можат да бидат корисни во истрагата.
При претресот на имотот полицијата пронашла крв во подрумот од куќата и скршен нож, соопшти претходно полицијата.
Миланка Љубичиќ, мајката на мистериозно исчезнатата Ана Волш, за српски Курир вели дека се уште не верува во тоа што нејзиниот зет Брајан Волш и нанел штета на нејзината ќерка.
„Мојот зет не би направил ништо за да и наштети на мојата Ана и не верувам во ниту една изјава што е поврзана со можноста Брајан да и наштетил“,
изјавила Миланка.