Доскорешниот бугарски премиер оценил дека, ако не се најде решение меѓу Скопје и Софија, идните генерации од двете држави ќе се замразат и нема да се реализираат важни инфраструктурни проекти
Кој ја негира историјата тој никогаш не е во право, затоа што таа е важна за иднината, порачал лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на неговата средба во софија со македонскиот премиер Зоран Заев.
Како што јави БГНЕС, Борисов потсетил на историскиот Самит ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа во мај 2018 година, кога тој беше премиер, а Бугарија претседаваше со Европската Унија.
Овде, во Софија, средбата на Алексис Ципрас и на Зоран Заев во Националниот дворец на културата е запаметена до ден-денес. Во тоа време беа присутни и канцеларката Меркел и претседателот Макрон. Преговорите со Грција завршија. Ова е приказната. Тој што ја негира историјата никогаш не е во право бидејќи тоа е важно за иднината“,
му рекол Бирисов на Заев, како што пренесува БГНЕС.
Доскорешниот бугарски премиер го предупредил Заев дека на денешните официјални средби со бугарскиот претседател Радев и другите државни чинители нема да постигне напредок бидејќи, како што рекол, тие го лажат.
„Ќе имате многу состаноци денеска. Јас сум убеден, бидејќи ги познавам луѓето со кои ќе се сретнете денеска, особено за Радев, дека ќе ви кажат дека без парламент не можат ништо да направат. Тој повторно ќе ја префрли одговорноста на парламентот како претходно. Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност, како што секогаш прават. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ“,
изјави Борисов.
Борисов порача дека ако не се најде решение – идните генерации, младите од двете држави ќе се замразат и нема да се реализираат важни инфраструктурни проекти. Тој му предложил на Заев младинските организации на партиите да одржат заеднички форум за да не бидат омразени во иднина, пишува БГНЕС.